На денешната прес конференција министерот за здравство Филипче рече дека ќе се консултира со правни лица и ако постои можност уште денеска Арбен Зибери ќе биде сменет на местото директор на Центарот за јавно здравје.
– Ја прочитав изјавата, апсолутна невистина е. Зибери не е член на комисијата. Ова е некаква предизборна евтина и лоша предизборна реторика. Ништо нема да добие директорот со оваа изјава. Целиот изминат период комисијата работи на медицински индикатори и ваква изјава не доликува на доктор и на човек што раководи ваква институција. Уште денеска ќе се консултирам со правниците и ако во овој период може директорот денес ќе биде сменет – рече Филипче.
Зибери утрово на Фејсбук се пофали дека ДУИ допринела да се отворат границите без протоколите од Светска здравствена организација односно негативен тест и 14 дневна изолација.