Ќерката на американскиот режисер и продуцент кој е добитник на повеќе Оскари, Стивен Спилберг, Дестри Алин, се вери со нејзиното момче Генц Легранд, со кого се во врска веќе подолго време .
Веста ја соопшти лично Алин во петокот на нејзиниот профил на Инстаграм, пренесува „Холивуд Рипортер“.
Таа сподели две фотографии, една со нејзиното момче и друга со вереничкиот прстен.
„Многу сум возбудена што го продолжувам животот со мојот близок пријател. Ова е најдобриот ден во мојот живот. Те сакам “, напиша Алин.
Инаку, Генц Легранд е син на радиологот од Тетово, Кабил Тахири кој живее во Швајцарија- -објави Алсат-м.тв.
Еле Фанинг, Кејтлин Девер, Жулијан Мур, Ирланд Болдвин и нејзината сестра Саша Спилберг се меѓу оние кои и честитаа на Алин за веридбата. Таа го промени своето славно презиме кога ја започна својата кариера во Холивуд.