Манекенката Дева Касел (17), ќерка на актерката Моника Белучи и актерот Венсан Касел, го наследила најдоброто од своите родители.
Таа веќе ги краси насловните страници на магазинот „Vogue“, учествувала на бројни модни кампањи, шетала по модните писти, а многумина веруваат дека еден ден ќе ја надмине својата славна мајка по убавината.
Иако е многу млада Дева веќе може да се пофали со успешна кариера, а покрај тоа таа е во стабилна љубовна врска.
Таа својот приватен живот не го експонира, за љубовта не зборува, но италијанските папарацо-фотографи сепак успеале да ја фотографираат во друштво на своето момче – Лука Саландре.
Парот првпат се појавил заедно во текот на летото 2021 година, на модна ревија на брендот „Dolce & Gabbana“ чие заштитно лице е Дева, а неодамна биле забележани во Рим.
Лука е една година постар од Дева има француско-италијанско потекло како и таа, а покрај тоа е и успешен модел.
Парот наводно е во врска повеќе од две години, а Дева неодамна во интервју за „Vanity Fair“ признала дека има желба со својот избраник да живее во Њујорк да се обиде во актерството поради што дури и би ја запоставила манекенската кариера.
“Ќе направам пауза од една година за да одлучам што е тоа што навистина го сакам. Кога бев млада, не сакав да снимам филмови. Таа работа воопшто не ми се допаѓаше. Но, сега сè посериозно почнувам да размислувам за тоа. Но, полека… Родителите ме советуваат и ме поттикнуваат да носам сопствени одлуки“, истакнала ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел.