Првото возило Мини купер било запалено, а од пожарот било зафатено и второто возило. Мини куперот кој горел е сопственост на пеачката Сузана Турунџиева, а до него било паркирано и зафатено од пожарот возилото на пеачката Ребека Јанковска Ристески. Возилата биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза.

Повредени нема, а увидот на надлежните ќе ги утврди причините за опожарувањето на возилата.

Информацијата ја потврдија од Пожарната од каде велат дека интервенцијата била во 3 часот изутрината и траела еден час. Засега според нивните информации пламенот зафатил 6 квадрат простор.