Ќерката на Мадона, Лурдес позираше гола за време на снимањето на реклама за познат бренд.
Лурд на социјалните мрежи објави фотографија на која е врзана со синџир околу половината.
Воодушевените обожаватели ѝ упатиле само пофални зборови. „Најзгодната девојка на светот“, „Совршена си“, „Секоја чест на храброто издание“, биле само дел од коментарите на „Инстаграм“.
На друга фотографија, пак, позирала облечена во кожен градник и високи чизми. Лурдес стоела зад црната кожна чанта „Дион Ли“, која ги покривала нејзините облини. Чантата чини 990 долари.
Во февруари, Леон ја носела ревијата на Луис де Хавиер на модната недела во Њујорк. Таа прошетала по пистата во тесен мини фустан на кој имало ѓаволски рогови.
Многумина сметале дека таа не требало да учествува на овој моден настан кој, како што тврделе, бил промоција на сатанизмот.
Лурдес, исто така, неодамна ја снимила својата прва кампања за „HD Skin Powder Foundation“.
Мадона ја добила Лурдес во 1996 година со актерот Карлос Леон. Поп кралицата и актерот биле заедно од 1994 година до 1997 година.