Ќерката на Зорица Поп-Панкова го наследи талентот од мајка си (ФОТО)

by Тони Зографски

Зорица Поп-Панкова беше една од нашите најдобри женски вокали, и остана запаметена како таква. На малкуте јавни настапи на кои ја слушаме, видливо е дека гласот се уште ја држи.

Уменичкиот талент на некогашната пејачка на групата „Македонија“ го наследи нејзината ќерка, Марина Поп-Панкова. Марина не е пејачка, туку актерка, која изигра епизодна улога во Тв серијата „Инсајдер“. Таму ја играше шанкерката во новинарското бифе.

Марина е ангажирана во велешкиот театар и ја играше една од главните улоги во претставата „Вдовицата се мажи“. Во истата комедија, со неа на сцената игра и Васил Зафирчев. Зорица Поп-Панкова секогаш вели дека нејзините ќерки, Марина и Даниела и внуците ѝ се најголемата гордост.

останати вести