Американката Луси Студи го обвини нејзиниот татко Доналд за убиство на 70 жени. Таа ѝ кажала на полицијата дека знае каде се наоѓаат телата. Тврди дека нејзиниот покоен татко, Доналд Дин Студи, бил сериски убиец кој со години убивал жени. Овој покоен фармер наводно ги принудил своите деца да му помогнат да ги фрли телата на жените во бунарот.
Таа раскажала дека нејзиниот татко бил алкохоличар кој сакал да убива жени, удирајќи ги до смрт во главата и другите делови од телото.
Локалниот шериф потврди дека кучињата трагачи откриле најмалку четири можни места за масовни гробници на нивниот имот.
Доналд починал во 2013 година, а обвинет е за убиство меѓу 50 и 70 жени, како и двајца мажи. Двете негови сопруги починале, а полицијата соопшти дека и двете извршиле самоубиство. Едната се задавила со сајла, а другата се застрелала. Ако наводите на неговата ќерка се покажат како точни, Доналд ќе стане еден од најмасовните убијци во САД.
Луси тврди дека сите жени кои ги убил имале темна коса, светла кожа и дека повеќето биле на 20-ти и 30-ти години. Таа тврди дека сите жртви биле закопани облечени и со накит, а потоа додала дека нејзиниот татко сакал да ги чува златните заби на жртвата како трофеи.
„ Кога дојде дома и ни рече да одиме до бунарот, точно знаевме што значи тоа. Секогаш моравме да молчиме бидејќи се плашевме и нас да не не убие – вели Луси, пишува „Дејли Меил“.
Таа додава дека нема чувства кон нејзиниот покоен татко.
„ Сакав додека беше жив да го добие заслуженото, но него веќе го нема. Сакам да им помогнам на семејствата на жртвите да ги најдат нивните тела и да ги погребаат – вели таа.
Шерифот на полицијата изјави дека рушењето на бунарот ќе чини 25.000 долари, додека реновирањето на целиот имот ќе чини најмалку 300.000 долари. Имотот во Ајова каде што живеел Доналд сè уште не се третира како место на злосторство бидејќи сè уште не е пронајдено никакво тело.