Франција ќе го протера семејството од Босна и Херцеговина, кое ја злоставувало својата ќерка поради врската со момче по потекло од Србија, најави вчера францускиот министер за внатрешни работи Жерард Дарманен.
-Штом заврши судската процедура ќе бидат спроведени до граница бидејќи нема што повеќе да бараат на француска територија – напиша Дарманен на Твитер.
Инаку, членовите на бошњачкото семејство си ја претепале ќерката и внуката и и’ ја избричиле главата зошто се гледала со момче, христијанин со српско потекло. Родителите на 17-годишната девојка, заедно со нејзиниот вујко и вујна, во четвртокот беа ставени под судски надзор и чекаат судење во Безансон за насилство над малолетно лице во присуство на други лица.
Девојката и нејзиното момче, како што е најавено, ќе останат во Франција.