Кинематографот на документарецот „Медена земја“, Самир Љума, синоќа пристигна од Германија со еден од чартер летовите што ги организираше владата за враќање на нашите државјани во својата земја по што ќе биде сместен 14 дена во државен карантин во хотелот “Десарет“ во Охрид,
“По вчерашното патешествие сакам да ви кажам дека имам пријатели и од многу поразвиени земји кои се во карантин во многу полоши услови од нашите па не се бунат. Индивидуалци кои сеуште не разбираат дека се работи за реален проблем со кој се соочуваме и се однесуваат неодговорно, не само што го загрозуваат сопственото здравје и здравјето на сите околу нив туку ги спречуваат и службите да ја вршат работата по одговорно. Шоферот од мојот автобус најверојатно поучен од предходните патници дека за “мир во куќа” дозволил да се пуши, го направил тоа за да можат да издржат луѓето 6 часа од слегување од авион до карантин.
Неизвесноста и нетранспарентноста за тоа каде ќе не сместат е исто така резултат на сите оние кои досега бегаат од карантин. Само што влеговме во дворот на Десарет еден од патниците коментира “тууу ова е полициско одмаралиште, нема шанси да побегнеме” па замислете полицијата која работи на спроведување на лицата до карантин со што се сѐ соочува. Вода е неопходно да се обезбеди за патниците кои пристигаат со авиони и чекаат сместување во карантин. (следните кои патувате купете си за секој случај во авион цената во Визер е 180 ден за половина литар или 2.5евра)
Ќе издржиме и повеќе од 2 недели карантин само да сме здрави и живи. Седете дома за да може пак да се гушкаме.“ напиша на својот Фејсбук профил Љума, откако пристигна со организиран превоз во хотелот ,,Десарет“ во Охрид.
Инаку, синоќа Љума се пожали на Фејсбук дека ги држат заглавени на Скопскиот аеродром додека чекаат да бидат сместени во карантин.
“20:45 Автобус број 10. Нема информации у која насока не возат. Шоферот штотоку информираше дека ако имаме шишенце со вода ќе дозволел да се пуши во автобус. Се расправам со патници ќе ме тепаат што се бунам дека не смее да се пуши во автобус.
21:05ч Информација дека наводно ќе бидеме сместени во Охрид. Луѓето бараат вода и храна, а уште не сме тргнале од аеродром Скопје. (ќе биде ко вицот “лелел колку сум жеедеееен)
21:40 сеуште сме во затворен автобус. После инцидентот помеѓу мене и дел од патниците состојбата е смирена“, напиша Љума во статус кој подоцна го избриша.