Двајца спортски новинари од телевизијата РАИ се степале, а еден од нив завршил во болница, пишува “Кариере дела сера“.
Поточно, актери на тепачката биле двајца новинари ветерани, едниот стар 52 години, а другиот 58.
Најинтересно е што новинарите се степале за бизарна работа, односно, дали да се вклучи или не климатизерот.
Морала да интервенира и полицијата, а еден од новинарите со возило на брзата помош бил пренесен во болница.
Натепаниот новинар сега се мислел дали да го тужи својот колега, но како што пишува весникот, и двајцата најверојатно ќе бидат санкцинирани од раководството на телевизијата.
.