Калум Милс е шкотски YouTuber со повеќе од 73.000 следбеници.
Тој е светски патник, кој објавува видеа од целиот свет на неговиот канал Callum Abroad. Додека повеќето Јутјубери сакаат лежерни патувања полни со задоволства, луксуз, песочни плажи и скапи хотели, Калум ужива во истражувањето на помалку посетените земји и повеќе непознати делови од светот.
Херсон во Украина, кој беше под руска контрола, фавелите во Бразил, палатата на Садам Хусеин во Ирак со ограничен пристап, Ерусалим, Сирија и Пакистан се само некои од многуте места што Калум ги посетил.
На Унилад му откри како патувањето на такви места му ги отворило очите. Сè што објавува на Јутјуб, вели, е навистина такво како што е во реалноста и ништо не украсува. „Се чувствувам некако привилегиран што можев да посетам такви места“, изјави тој.
Тој рече дека на своите патувања наишол на работи и ситуации кои не можат да се видат во Шкотска и другите делови на Европа и поразвиените делови на светот. „Би рекол дека сиромаштијата ми е најтешко да ја видам. Дури е тешко да се видат напуштени животни на улиците со видливи коски бидејќи се гладни“, објасни Калум, додавајќи дека во некои земји таквите ситуации се на секој агол.
Призна дека имало неколку ситуации во кои се исплашил. Во главниот град на Колумбија, Богота, постои населба Бронкс позната по високата стапка на криминал. Таму имал можност да запознае членови на една банда кои му раскажувале разни приказни. Тие му објасниле дека ако некој од членовите ја предаде бандата, ќе го натераат крокодил да му ги одгризе сите екстремитети на предавникот.
Неодамна, Калум отпатува во Украина за да разговара со луѓето што живеат таму и од прва рака да види низ што поминува земјата. Тој бил сведок на повеќе бомбашки напади во областите во кои се наоѓал и разговарал со луѓето за тоа како се справуваат. „Имаше тешки моменти кога бев таму каде што можеше да се видат тела како лежат на улица“, рече тој, додавајќи дека е срцепарателно да се сведоци на такви сцени. Но, во текот на денот атмосферата во градовите е жива, а луѓето одат на шопинг како и обично секој ден“, објасни овој Јутјубер.