Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој игра во НБА за Денвер Нагетс, се сретна со американскиот комичар и актер Кевин Харт, кој учествуваше на Ол-стар викендот.
Актерот кој е висок околу 160 сантиметри разговарал со Јокиќ кој е висок 211 сантиметри. Јокиќ на шега му рекол: „Извини, мислев дека си нечие дете“. Харт постојано му повторувал: „Не се смеј“.
https://twitter.com/i/status/1891292502906298648
Видеото е објавено на НБА профилот на Х. На видеото се гледа и Карл-Ентони Таунс, кој е дури и повисок од Јокиќ, не може да престане да се смее на изјавата на Јокиќ.
Јокиќ не е единствениот кој се пошегува на сметка на висината на Харт. Кевин Дурент се насмеа кога Харт застана до Шекил О’Нил на Ол-стар натпреварот, а микрофоните го снимија она што тој го кажува.
“Друже, зошто си толку низок човече? Како не си повисок од тоа, брат? Кевин, човеку. Како не си пораснал уште малку?” Дурент му рече, а Џејмс Харден додаде: „Тој само престанал да расте“.