Кошаркарот Никола Јокиќ во неколку наврати покажа дека има „широко срце“, а неговата широкоградост ја докажува и со последниот гест со кој го воодушеви целиот тим!
Тој на своите соиграчи од Олимпијадата им подари скап подарок.
Имено, според медиумите, Јокиќ на секој член од тимот кој заедно со него освоил бронза на Олимпијадата во Париз, му купил „Ролекс“, кој чини околу 32.500 долари.
За Србија играа 12 играчи, што значи Јокиќ искеширал дури 390.000 долари за скапи часовници.