Хрватската пејачка Јелена Розга првпат проговори за здравствениот проблем со кој се соочила во 2006 година, кога ја напуштила популарната хрватска група „Магазин“.
https://www.instagram.com/p/Buo41r6AheY/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
“Почнав да размислувам за соло-кариера, сакав да се обидам сама. Да видам дали сум способна, дали можам да успеам како солистка, земајќи предвид дека во Магазин дадов буквално се’, десет и пол години поминав со нив. Во 2006 година почнав да го снимам мојот солистички албум, а продолжив да настапувам со групата Магазин. Тоа беше многу стресен период за мене, во еден миг почнав драстично да слабеам и да се сушам. Кога отидов на лекар, ми дијагностицираа дека имам проблем со штитната жлезда, поради преголемиот стрес“, раскажа популарната пејачка.