Стивен С. (85) од Вашингтон е обвинет за убиство на сопругата Шерон, а на полицијата ѝ рекол дека ја убил затоа што го терала да јаде палачинки.
Постариот маж ја убил својата сопруга минатиот викенд затоа што одбил да ги изеде палачинките што таа му ги направила за појадок, соопштија властите во петокот.
Стивен ја прободел сопругата во грб, а откако таа рекла дека сака тој да се здебели.
“Ја убив, боже. Не се сеќавам, тоа беше толку луда тепачка”, рекол Стивен додека бил приведен.
За време на рочиштето тој изјавил дека ослабел околу 25 килограми додека неодамна бил во болница, а неговата сопруга сакала повторно да качи неколку килограми, пишува NY Post.
Стивен рече дека неговата сопруга знаела да бара многу, но додаде дека „тоа го направила затоа што го сакала и сакала да биде добро“, се наведува во документите.
Кобното утро Шерон налутено му ја турнала чинијата со палачинки кога слушнала дека не планира да ги изеде, бидејќи претходниот ден изел крофна.
Набрзо почнала расправија.
„Следното нешто на кое се сеќавам е чинија што се крши од ѕидот“, рече Стивен.
Потоа го грабнал ножот и го зарил во грбот на жената.
Соседите слушнале викање од куќата и вознемирени го повикале синот на Стивен, кој брзо дошол во куќата на неговите родители.
„Ја избодов, сега ќе се избодам“, му рекол на својот син кој зачудено ја гледал својата крвава мајка.
Кога пристигнала полицијата, Стивен се заканил дека ќе си го пресече стомакот со нож.
Потоа почнал да се сече со сечило, но полицијата брзо го разоружала.
Стивен и неговата сопруга брзо биле префрлени во болница, но за несреќната жена немало спас. Обдукцијата покажала дека сечилото поминало низ нејзиното срце.
Старецот е задржан во притвор без можност за плаќање кауција.