Докторката Лорна Брин (49) која беше директорка на итната помош на њујоршката болница “Presbyterian Allen Hospital” починала од повредите која сама си ги нанела.
Нејзиниот татко Филип Брин кој исто така е доктор, за “Њујорк тајмс“ изјавил дека Лорна ја убила работата. Таа немала историја на ментални болести, а по повредите кој сама си ги нанела починала во семејната куќа во Вирџина.
Инаку, Лорна Брин на работа се заразила со коронавирус, но по десетина дена откако заздравила, таа се вратила на работното место. Како што изјавил нејзиниот татко, последен пат кога се слушнале “Лорна била потресена и практично надвор од ставарноста“. Таа била загрижена и му рекал дека стотици пациенти лежат во болницата на Менхетн во која има само 200 кревети.
-Лорна беше во првите редови во битката со коронавирусот. Таа е жртва како и сите останати што починаа од коронавирусот – вели татко ѝ.
Њујорк тајмс пишува дека Лорна Брин бил голем верник и многу поврзана со семејствота.
-Др. Брин е вистински херој која беше на фронтот на итното одделение – соопштиле од болницата.