КОМИСИЈАТА ПРЕДЛАГА: Од среда укинување на полицискиот час, концерти, да нема ограничување за гости на свадби

by Тони Зографски

Утрово Комисијата за заразни болести предложи олабавување на мерките.

„Утрово се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни: Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова. Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави. Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

останати вести