Доктор Славица Трајкова од Јавната здравствена установа „Општа болница Велес“, која се наоѓа во првите борбени редови во борбата со коронавирусот, на својот Фејсбук профил упати жестоки критики кон власта и надлежните во врска со тоа како тие се справуваат со пандемијата.
“Секојдневните трагедии што ги доживуваме сите ние кои работиме во Ковид центрите се НЕИЗДРЖЛИВИ!
За пациентите и нивните фамилии не се ни опишува…Македонија е завиена во црно!
А нашите професоришта и стручњачишта чекаат дневен ковид биланс од 2500 заболени!!!
Па потоа ќе размислуваат што понатаму???
Не така! Сите ОСТАВКА до еден, оти не Ве бива…Еднаш не го слушнавте гласот на луѓето во скафандери, не најдовте ниту еден ден да влезете таму каде што умираат луѓето!
Лесно се менаџира од кабинет!
Ја сотревте Македонија !!! – коментира докторката Славица Трајкова.