Светскиот шампион во борење, Заурбек Сидаков, ја прекина својата венчавка и ги избрка сите гости, откако пораки почнаа да пристигнуваат на неговиот мобилен телефон среде церемонијата, во кои имало голи фотографии од невестата.
Сидаков се венчаше со Мадина Плиева, а за време на церемонијата, сите гости почнаа да примаат пораки на своите мобилни телефони, односно, голи фотографии од неговата избраничка, која ја обвиниле дека е ескорт девојка. Автор на пораките е сопругата на наводниот љубовник на Мадина, која пронашла експлицитни фотографии во неговиот мобилен телефон, тврдат извори за „The Sun“.
Сидаков (24) во тоа време бил среде традиционален танц со пријателите, додека невестата беше во соседната просторија. Тој наводно збеснал и влетал во просторијата каде што танцувала неговата сопруга, ја влечел за коса и ја избркал од салата.
Тој веднаш ја откажал свадбената прослава и ги избркал сите 500 гости, оставајќи ја Мадина да плаче на подот од салата. Пријателите и роднините ја однеле во болница од страв да не е повредена, а таа моментално е во Москва. Нејзините пријатели ги отфрлаат сите обвиненија против неа и тврдат дека целата ситуација е измислена.
-Мадина потекнува од богато семејство, но пред три години беше заљубена во оженет човек и нејзините пријатели знаеја за тоа. Со години немаше ништо со него, а сите тие снимки и фотографии се од пред три години, тврдат извори блиски до шокираната невеста. љубовникот на Мадина, наводно, бил моќен руски милијардер, но неговиот идентитет не е откриен.
Заурбек Сидаков требаше да ја претставува Русија на Олимписките игри оваа година, кои беа одложени поради пандемијата на корона вирусот.