БЛЕСКА ТРИ МЕСЕЦИ ПО ПОРОДУВАЊЕТО: Адријана Лима воодушеви со новото ‘диско’ издание (ФОТО)

by Тони Зографски

Светскиот топ модел Адријана Лима присуствуваше на глобалниот состанок на WTTC посветен на природата, туризмот и патувањето во Ријад, Саудиска Арабија.  За овој настан манекенката избрала интересна  „диско“, но елегантна креација.

На официјалната веб-страница на самитот е посочено дека целта на средбата е да се најде решение за закрепнување на секторот од последиците што ги остави зад себе пандемијата и да се создаде стратегија за одржлив развој.

Бразилската манекенка за оваа пригода се одлучила за палто и ѕвонести панталони од светки, а целокупниот стајлинг го заокружила со обетки и салонки.

Инаку, Адријана Лима е во врска со филмскиот продуцент Андре Лемарс, а на 28 август го добија своето прво дете – синот Цијан. Лима има две ќерки од бракот со кошаркарот Марко Јариќ, а ова ѝ е прво дете со филмскиот продуцент Андре Лемарс.

317850764_166324182753606_1778853757568485354_n.jpg

останати вести