34-годишната премиерка на Финска, Сана Марин позираше за списанието во елегантен блејзер и покажа длабоко деколте, а очигледно е дека не носеше ништо под него.
Сликата собра повеќе од 27 000 лајкови на Инстаграм, но беше проследена со жестоки реакции од конзервативците кои сметаат дека премиерот на една земја не треба да позира во вакви публикации.
Покрај жестоките критики, Сана доби и бројни пофалби од жени кои сметаат дека оваа фотографија слави самодоверба и самосвест.
„Таа е најубавиот премиер на светот“, заклучија тие.
Инаку, Сана Марин денес го напуштила самитот на ЕУ во Брисел „поради претпазливост“ и објавила дека заминува во самоизолација.
„Премиерката денес го напушти Европскиот совет и побара од шведскиот премиер Штефан Левен да ја претставува Финска до крајот на состанокот“, соопштено е од премиерската прес служба.
Матин во средата присуствувала на состанок во финскиот парламент заедно со пратеникот Том Пакелен кој подоцна е тестиран позитивно на коронавирус и имал благи симптоми на настинка, пренесе „АП“.
https://www.instagram.com/p/CGE6V28jJjM/