Синот на легендарниот фудбалер Дејвид Бекам, Бруклин, започна врска со глумицата Фиби Торанс, а британските медиуми пишуваат дека таа е “плукната“ неговата мајка Викторија.
Како што пишува “Сан“ сличноста е очигледна особено кога Фиби се слика од одреден агол. Сепак, Бруклин смета дека девојка му вопшто не личи на неговата мајка.
Инаку, Фиби која е ќерка на познатиот голфер Сем Торанс, е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде што често објавува свои фотки.
https://www.instagram.com/p/B2pdLKFlmiz/?utm_source=ig_web_button_share_sheet