Моника Левински (49) јавноста ја памети како љубовница на поранешниот американски претседател Бил Клинтон (76).
Во ретко излегување во јавност,Моника пред два дена блесна на премиерата на филмот What Love Has to Do with it во Лондон, облечена во црна комбинација со елегантни панталони со висок струк и кратка јакна со блескави украси.
Моника Левински славата ја стекна со аферата со Бил Клинтон, која стана јавна во 1998 година. Во Белата куќа дошла во 1995 година како практикант, а непосредно пред аферата да излезе во медиумите, Моника била префрлена во Пентагон бидејќи мислеле дека поминува премногу време со претседателот.
Левински призна дека имала секс со Клинтон девет пати во претседателскиот кабинет во Белата куќа.