Една од најпознатите светски актерки на сите времиња дефинитивно е Мерил Стрип. Но, на почетокот на својата кариера таа се намачила да се докаже, а поради специфичното лице имала проблем со режисерите кои не сакале да ја ангажираат, наводно, не била доволно убава.
Таа на Фејсбук ја подели приказната како режисерот на “Кинг Конг“ ја одбил, со образложение дека не била доволно убава за да заигра во неговиот филм.
– Ивде сум во метрото кога се враќав од аудиција за филмот Кинг Конг, кога ми рекоа дека сум грда. Тоа беше пресуден момент во мојата кариера, бидејќи таквиот коментар можеше да ми ги уништи соништата да станам актерка, – напиша Стрип и додаде дека не му останала должна на продуцентот.
https://www.instagram.com/p/Bp9gUyEF86R/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
– Му реков: “ Жал ми е што мислите дека сум грда, тоа е ваше мислење и ја сум подготвена да побарам друго“, му одговорила Марил на чист италијански јазик, на оној на кој тој на својот асистент му рекол дека е грда, мислејќи дека нема да ја разбере.