Лизи Веласкез има 28 години и во светот е позната како “најгрдата жена на светот”.
Лизи е родена во Остин во Тексас. На само 17 години пронашла видео на Јутјуб во кое се видела самата себе, а коментарите кои се ределе под видеото ја шокирале. Луѓето ја нарекувале “најгрдата жена на светот”.
Иако во текот на животот се навикнала на осудите и навредите на сметка на својот изглед, открива дека и било многу тешко и поразително додека го гледала споменатото видео. Меѓутоа, изјавила дека тоа искуство сепак било “благослов”.
„Тоа е најголемиот благослов што можев да го добијам“, вели таа.
Вели дека била скршена, но сега тоа искуство го претворила во нешто позитивно, сфатила дека луѓето само повредуваат други поради својата тага со која не знаат да се носат.
„Сфатив дека сите со причина сме дојдени на оваа земја. За среќа, успеав да тргнам на позитивен пат и да ја претворам својата ужасна ситуација во нешто многу поубаво“.
Лизи денеска е активистка која има редок Марфанов синдром и липодистрофија, генетско нарушување кое и дава стар изглед. Влијае на нејзиното лице, на тонусот на мускулите, мозокот, срцето, очите и коските, а исто така ја спречува да добие телесна маснотија – што го објаснува фактот дека има само 28 килограми.
Нејзиниот говор “How Do You Define Yoirself” за позитивниот имиџ на телото е прегледан повеќе од 54 милиони пати на Јутјуб. Снимила и документарец за својот живот и успехот како мотивациски говорник.
Но, признала дека како тинејџерка на почетокот била длабоко навредена од видеото.
„Кога го пронајдов тоа видео, имав 17 години. Бев средношколка и се обидував да сфатам што ќе правам кога ќе дипломирам“.
„Мислам дека ако некој се стави на мое место, без разлика дали е во слична состојба или не, ако ви кажат дека сте грозни или грди и дека треба да си го одземете животот, веднаш би знаеле што чувствував во тоа време“, вели Лизи.
Таа наведува дека не сака да се враќа на минатото и нема да дозволи тоа видео да ја дефинира. Пронашла начин на тоа гледа позитивно. Сфатила дека повредени луѓе сакаат да повредуваат други луѓе.
„Можеби немаат алати да се изразат на позитивен начин. За жал, повредуваат други луѓе, дали на мрежата или слично, и моментално добиваат чувство дека допреле до другите“, заклучува таа.
Лизи се одлучила на промена, отворила свој ЈуТјуб канал. Таа денеска е еден од најголемите мотивациски говорници. Ги поддржува и другите да се чувствуваат добро во сопствената кожа.