Познатиот фудбалер Ерлинг Халанд наскоро ќе стане татко. Напаѓачот на Норвешка и Манчестер Сити имаше одлична партија во Лигата на нации.
Норвешка ја победи Словенија со 3:0, а Халанд постигна два гола. По натпреварот Халанд ја зеде топката и ја стави под дресот и на тој начин најави дека на 25 години ќе стане татко.
Веднаш се фотографирал и објавил се на Инстаграм и на тој начин ги изненадил соиграчите кои подоцна откриле дека веста ја дознале дури на Инстаграм. Халанд не им соопштил пред натпреварот.
Неговата девојка денес има 20 години, а станува збор за Изабела Хаугсенг Јохансен. Младата Норвежанка со Халанд се познава уште од детството, а медиумските колумни почнала да ги полни уште пред својот 18-ти роденден бидејќи за нивната врска се шушкало уште кога била малолетна.
Откако сè излезе во медиумите во 2022 година, младата Норвежанка ги деактивираше своите профили на социјалните мрежи.
Дури кога наполни 18 години, Халанд се појави во јавноста со неа.