Кинеската sвезда на социјалните мрежи Ламу (30) починала откако нејзиниот поранешен сопруг ја полил со бензин и ја запалил, додека емитувала видео во живо.
На последната снимка објавена на 14. септември, непосредно пред злосторството, Лама испеала традиционална тибетска песна. Неколку часа подоцна тој ден, за време на преносот во живо, екранот одеднаш се претвори во црно и се слушнале крикови.
Поранешниот партнер наводно упаднал во нејзината куќа држејќи канистер за бензин и запалка. Тој ја нападна Лама пред членовите на нејзиното семејство, но и пред фановите кои во живо ги следеле ужасните сцени.
Два дена подоцна, нејзината сестра ги објавила деталите за ужасниот напад. Фановите донирале пари за лекување на Лама.
Влогерката се здобила со изгореници на 90 проценти од телото. Лекарите се бореле за нејзиниот живот повеќе од две недели, но залудно. Починала во болницата.
Полицијата го уапсила сопругот на блогерката, но мотивите за ова ужасно злосторство сè уште не се јасни. Некои кинески медиуми објавија дека мотивот за убиството е одмазда, затоа што Ламу поднела барање за развод поради семејно насилство. Сепак, полицијата сè уште не ги потврдила овие тврдења.
Ламу била популарна тибетска блогерка. На социјалната мрежа Диен, кинеската верзија на Тик Ток, таа имала повеќе од 782.000 следбеници. Живеела во Аба, провинцијата Сечуан, во југозападна Кина, каде што обично снимала обидувајќи се да го претстави, меѓу другото, и животот во рурална Кина. Била мајка на две малолетни момчиња.