Бебето најдено во парк во Топанско поле било родено вчера и веднаш по раѓањето, голо било оставено во тревата. Случаен минувач го слушнал плачењето на новороденчето и пријавил во полиција.
Од Клиниката за детски болести велат дека, иако бебето било оставено во несоодветни услови, сега е во добра општа состојба.
– По папочната врвца и состојбата може да се заклучи дека бебето е родено вчера. Донесено беше голо, но веднаш ставено во инкубатор да се загрее. Дадена е соодветна терапија и засега е во добра состојба – вели Катерина Ставриќ, директорка на Детска клиника, јавува слободен печат.
Таа нагласува дека досега ваков случај, штотуку родено бебе да биде оставено на улица, немало.