Отако поради флерт со дадилката на нивните деца му пропадна бракот со актерката Седи Фрост, холивудската ѕвезда Џад Лоу (46) одлучи повторно да се жени. По четиригодишна врска со 14 години помладата Филипа Коан која работи како психолог, Џад со огромен дијамантски прстен конечно се решил да ја побара за жена. Венчавката најверојатно ќе се случи во мај во Франција.
Според пишувањето на „Сан“, славниот актер побарал од својот 22-годишен син Раферти кој го доби во бракот со Седи Фрост, да му биде венчан кум. Освен блиските пријатели со кои се дружи уште од младоста, Џад Лоу наводно на свадбата ќе ги покани и своите колеги: Бред Адамс, Џони Ли Милер, Еван Мек Грегори и Шон Пертвеј.
Инаку, Џад Лоу има дури пет деца- Реферти (22), Ирис (18) и Рауи (160 од бракот со Седи Фрост, Софија (9) од врската со манекенката Саманта, и Бурке те Аду (3) со пејачката Катерине Хардинг.