Во интервју за “Wiwibloggs”, eвровизиски канал на “Јутуб”, македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, кажа дека освен македонско, има и бугарско државјанство.Во моментот кога водителот му вели:
”Вие сте државјани на Македонија, и ….”, Гарванлиев продолжува и вели: “ и Бугарија…”
Во интервјуто водителот го прашува: “ Па како имате бугарски пасош?”,а Гарванлиев одговара:” Далечен роднина на мојата баба е роден…. Струмица е многу блиска до бугарска граница, јас сум од тој дел на државата, па ете како”.
Претходно, поради негативните реакции, Гарванлиев го промени и спотот, во кои некои препознаа бугарско знаме во делото на уметницата Жанета Вангели, кое е поставено во Националната галерија Даут Пашин Амам. Евровизискиот претставник на Македонија, Гарванлиев, објасни дека тој повеќе од 20 години пее и ја претставува Македонија и тоа така ќе остане.