Натепаната девојка од Штип на новинарот Фуркан Салију му раскажа низ што минала кога двете момчиња брутално ја малтретираа и видеото го објавија на социјалните мрежи.
-На татко ми му е лошо откако синоќа го виде видеото на кое ме тепаат со клоци. Тој не заспа и само пуши цигари… почнаа да ме тепаат од кај “Тоше” па ме однесоа во зградата…Јас и Пепи раскрстивме. Тоше знае каква бев, лом-раскажува девојката која има 20 години.
Претходно се огласи и таткото на едно од момчињата кој рече дека нема зборови да го одбрани но оти можеби и таа е виновна.
Инаку, СВР Штип вчера ги приведе двајцата штипјани кои навредувале и претепале 21-годишна девојка среде бел ден во влез на станбена зграда, при што целиот случај со снимиле на мобилен, а видеото се најде на социјалните мрежи. Тие ќе останат 24 часа во полициска станица.
Почнаа да ме тепаат од кај "Тоше" па ме однесоа во зградата… Тоше знае каква бев, лом#Штип pic.twitter.com/fZ1F6asPMT
— FurKlan (@FurkanSaliu) April 2, 2020