ХОРОР ВО ШИПКОВИЦА: Мечка ги отвора гробовите и ги јаде починатите

by Тони Зографски

Вистински хорор на локалните гробишта дочекале жителите на селото Шипковица, на падините на Шара. Деновиве нашле отворени гробови и човечки коски расфрлани низ гробиштата, а според очевидец, штетата ја предизвикува мечка, којашто ги крева надгробните плочи и ги јаде остатоците од починатите.

„Две тела ги извадила од гробот и ги изела од колена надолу. Другото го извадила од гробот и го фрлила настрана, но нозете му ги изела. Погребавме младо момче, но следниот ден кога отидовме, трупот беше надвор, а нозете ги немаше“, вели еден жител за Алсат за хоророт кој го затекнале.

Жителите велат дека стражарат, а за случајот е информиран и Одделот за внатрешни работи на Тетово.

останати вести