Девојката којашто е во љубовна врска со 33 години постар маж, ги откри своите стравувања околу неговата смрт, но вели дека тој е нејзината сродна душа.
Нова Хоторн (29) редовно се наоѓа во центарот на вниманието поради нејзината врска со шеесет и тригодишниот Џејмс. Овој пар за прв пат се запознал преку веб – страницата за љубовни состаноци, а Џејмс на почетокот ѝ ги плаќал луксузните патувања во странство и екстравагантните вечери.
Меѓутоа, неодамна, Нова откри дека Џејмс е нејзиниот помошник како и дека таа плаќала за нивниот раскошен начин на живот. И покрај големата разлика во годините и понатаму двајцата се потполно вљубени еден во друг, но Нова започнала да стравува дека крајот на нивната романса е неизбежен.
„Имам основни стравови поврзани со годините на Џејмс“, изјави Нова за „Need to Know“ и додаде:
„Се обидувам да не го трошам времето грижејќи за ова, и да ја пренасочам својата енергија кон уживањето во секој наш заеднички ден. Во сите врски никогаш не знаете кога ќе го имате последниот миг. Знам дека Џејмс има изградено животно искуство и тоа секојдневно го споделува со мене. Сигурна сум дека, кога ќе дојде крајот на нашата врска ќе бидат отворена за нова врска“, вели Нова.
„Не знам што ќе биде во иднината, но знам дека Џејмс не би сакал да бидам сама. Секогаш сакаше да бидам среќна и сакана“.
Нова и Џејмс живеат во Мелбурн, Австралија, а се запознале во 2019 година, а оттогаш нивната врска само станувала посилна. Но тие сепак, секојдневно се соочуваат со осуди.
„Многумина луѓе претпоставуваат дека големите разлики во годините автоматски значат некомпатибилни интереси, цели или вредности, но не е секогаш така. Односот е изграден врз заеднички вредности и меѓусебна почит, а не само врз годините. Луѓето можеби строго ги проценуваат врските со големи разлики во годините во споредба со другите видови врски, но тие се исти како сите останати“, вели Нова, и додава:
„Џејмс и јас сме во многу различни животни фази и јас на пример не сакам да основам семејство со него. Никогаш не сме ја имале предвид можноста да имаме заедничко дете. За нас, отворената комуникација, меѓусебната почит и разбирањето на меѓусебните потреби вклучувајќи ги и сексуалните се клучот за успешна врска. Повеќе се работи за компатибилност и емотивна врска отколку за разликата во годините“, додаде Нова.