Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека состојбата на пациентката на која ѝ беше трансплантирано срце од мртов донор е стабилна и оти сите параметри се добри.
– Сите параметри кои произлегуваат од анализите направени заклучно со денес, се добри и сите се во фаза на подобрување. така што очекувам дека денес може постепено да се ослободува од респираторната машина, изјави Филипче
Јасмина Василковска е името на 40-годишната жена, мајка на 10-месечно бебе.
-Утрово се сретнав со семејството на 40-годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне, напиша министерот Филипче.