По денеска 10-те новозаразени, ќе се олабават рестриктивните мерки, од следната недела се отвараат рестораните?

by Тони Зографски

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека се потврдени се нови 10 случаи на коронавирус  и најави дека комисијата за инфективни болести, преку министерството за здравство, ќе предложи план за олобавуваање на рестрективните мерки во држвата. Тоа значи,  неделава да се отворат центрите, а обука и семинари на возрасни, авто школи, спортски тренинзи на отворено, за индивидуани спортови, тенис, спортски обложувалници и неугостителски шалтерски дејности и затворените трговски центри, односно моловите.

По увид во новата епидемиолошка анализа би можело да се разгледува отворањето на угостителските објекти, а неделата потоа и игрите на среќа и спортовите во затворен простор.

Притоа, нагласи Филипче, остануваат во сила задолженијата за социјална дистанца и заштитни маски.

Филипче додава дека на инфективната клиника починал 60-годишно лице од Делчево.

– Факт е дека е намален бројот на тестирања, затоа што нема индикации за тестирање. Тоа е тоа што го сакавме, тоа и го постигнавме.

останати вести