Актерката Хедер Локлир изгледала вознемирено откако го напуштила едночасовниот состанок во деловната зграда во Малибу, Калифорнија.
По еден час таа излегла од зградата и одела по работ на деловната зграда со апостолки, држејќи се за столбовите.
Потоа, Хедер седнала на скалите и почнала да зборува сама со себе, правејќи чудни гестови.
Откако успешно стигнала на другата страна, седнала и почнала да пишува нешто во својот бележник додека си зборувала сама со себе. Во еден момент се чинело дека се налутила на содржината од својот бележник, додека го ставала во својата чанта.
Таа поминала речиси еден час, седејќи на скалите и зборувајќи си сама со себе.
Инаку, Хедер во февруари 2018 година била уапсена поради насилство во семејството, кога, според пишувањето на американските медиуми, го претепала својот вереник, а само неколку месеци подоцна ги нападнала и своите родители.