Под името „NoleChallenge: Outdoor Ice Bath“, Новак Ѓоковиќ одлично ги забавуваше следбениците на социјалните мрежи и ги повика да го сторат истото. Тој објави видео на својот Инстаграм на кое се гледа што ги прави неговиот ум и тело посилни. Ѓоковиќ помина една минута и 45 секунди вежбајќи според методот Вим Хоф во леден поток.

– Константин и јас преживеавме замрзната планинска вода и тоа една минута и 45 секунди. Изгледа лудо, знам. Со разни техники (како што е дишење) можеме доволно да се смириме за да ги преживееме екстремните услови како што е ова и поефикасно да се бориме со секојдневниот стрес во нашите животи – напишал Ноле на видеото.

– За оние кои се одлучат ве предизвикувам на отворено да најдат ладна вода и во неа да поминат најмалку една минута. Надвор мора да биде зима и водата да биде многу ладна, морате да бидете само во долна облека, мора да го потопите половина од вашет тело и да се задржите најмалку една минута – објаснува Ноле во постот.