По освојувањето на златото на Игрите во Париз, најдобриот светски тенисер во историјата,Србинот Новак Ѓоковиќ одмора во Дубровник.
Новак вчера наутро успеа да ги изненади жителите на овој град.
Имено, популарниот Ноле е фотографиран како гол до појас трча во близина на многу фреквентен пат.
Новак на својата јахта веднаш по Олимписките игри во Париз го започна долговочекуваниот и заслужен летедн одмор, кој кратко го прекина само за да присуствува на дочекот на српските олимијци во Белград.
Најтрофејниот свтески тенисер инаку наскоро ќе ги започне подготовките за УС Опен каде ќе цели да го освои 25. Грен слем во кариерата.