Иако доживеа сопствена трагедија и почина по раѓањето на своето 4 дете, Катлин со донирањето на свои органи им продолжи живот на многумина.
Таа откако го роди 4-то дете Тенди, доби излив на мозокот и почина. Иако докторите направија се, не успееја да ја спасат. Нејзина желба била да ги донира органите на тие што им се потребни.
Катлин донирала дури 12 органи, вклучувајќи и срце.
Инаку, шансите 12 органи да останат здрави последсмрт е еднакво на еден на милион.
Приказната многумина ги погоди, па се собраа дури 96 илијади долари за помош на нејзиниот сопруг кој сега сам ги гледа своите четири деца.