Докторката Јадранка Бибан преку пост на својот Фејсбук профил реагираше на реакцијата на јавноста откако родилката – докторка криеше дека била во контакт со болен од ковид-19.
“Не знам зошто мора за се што се случува по клиникиве така бурно да се замара целата јавност? Некоја докторка не пријавила дека била во контакт со корона позитивен, па два дена цела јавност се замара со тој случај. Докторкава ја исплукаа, и се издраа по социјалниве мрежи, од лекарската комора многу се вознемирија, медиумите се тресат…
Па добро, дали во оваа држава има ДРЖАВА? Па зошто се сите тие институции со илјадници стручњаци и уште толку вработени во државниот апарат. Па терајте си ја работата, по пропис како што треба, според правилата преземајте мерки, што мора цела јавност да се малтретира со трачарење. Уствари што јавноста сега може да стори? Да ја „обеси“ докторката на ФБ??
Оставете го народов малку да здивне. Во светот имало и ќе има секакви луѓе, секакви карактери. Разни испади се прават секојдневно, Затоа постојат институции, за да си ја вршат работата тивко. Или за да се заврши работата неопходен е бурен публицитет?!
Значи во по трач држава досега немам живеено…“, пишува Бибан на својот Фејсбук профил.