„Генетиката е поврзана со имунитетот, секој од нас за да се изградиме имаме генетски код. Според тој рецепт се гради организмот. Дебелината има генетски основи, има недостатоци во генетскиот код“, изјави д-р Горан Кунгуловски, од лабораторијата за генетика при клиниката „Жан Митрев“ во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.
Според него, треба да се следи сојот, како се пренесува.
„ Сојот е изграден од повеќе мутации, британскиот сој е изграден од 17 мутации. Треба да се следи сојот, како се пренесува. Британскиот сој многу полесно се пренесува од тој таканаречен европски сој. Засега најсигурната информација е дека британскиот сој брзо се пренесува, па затоа во Британија има нов локдаун. Вирусот генерално се пренесува преку респираторни органи. Во Македонија сигурно ќе се појави британскиот сој на коронавирусот. Светот е отворен систем, има патување“, вели докторот.