Супермоделот Адриана Лима (41) од моментот кога се дозна дека е бремена по трет пат со месеци трпи навреди на социјалните мрежи. На обожавателите им пречи тоа што таа драстично се здебели, но и покрај тоа носи фустани што го откриваат нејзиното тело, „како сè уште да во цутот на младоста и убавината“.
Дел од нејзините придружници на Инстаграм ѝ рекле дека е „дебела“, „лицето ѝ е деформирано“ и дека „претерано користи филери“.
Лима ни најмалку не се осврнува на лошите коментари, но призна дека бременоста на таа возраст тешко ја поднела, дека не успева лесно да се справи со килограмите иако прави сè што е во нејзина моќ.
Лима преку видео на својот профил на Инстаграм, порача дека се обидува да го преобликува своето тело со посебен режим на исхрана и интензивни и напорни тренинзи.
Во описот на видеото стои дека работи за познатиот тренер @kirkmyersfitness и дека соработката е воспоставена на обострано задоволство.
Обожавателите го пофалија нејзиниот изглед, како и огромната желба да се врати во некогашната форма. Меѓутоа, покрај позитивните коментари се појавија и коментари со негативни реакции за нејзиниот сегашен изглед.
– Што ѝ се случило воопшто? Знам дека повторно доби бебе и се породи, но оваа трансформација од она што беше и ова сега е очајна! –
– Дали ваков напор покрај три деца е нормален? Зошто? –
– Главата и лицето ѝ се изобличени
– Воопшто не изгледа здраво и нормално, туку како да се бори до изнемоштеност. Таа е мајка на три деца во четириесеттите, не гледам зошто сака повторно да изгледа како тинејџерка? Знам дека работеше за „Ангелите на Викторија“ кои промовираат одреден изглед, а кога работите за токсична компанија, мора да имате и токсичен начин на размислување – беа само некои од многуте реакции.