Кучињата лаат од неколку причини: кога сакаат да предупредат, од досада, кога се вознемирени или под стрес, а понекогаш и од задоволство. Дознајте што сака да ви порача вашето куче со неговото лаење.
Со продолжено или непрекинато завивање, со умерени или долги интервали измеѓу, кучето сака да каже: „Има ли некој? Осамен сум и ми треба друштво!“ Некои раси, посебно оние кои помалку лаат, се склони на завивање, на пример хаски или алјаски маламут.
Кога кучето кратко и остро ќе залае со средна фреквенција еднаш или два пати, среќен е што ве гледа и ви посакува добредојде.
Малите кучиња често лаат за да привлечат внимание, особено ако се навикнати на многу посветено време. Тогаш кога никој не посветува премногу внимание на нив, ќе започнат долга серија на гласно лаење, испрекинато со кратки паузи. Додека ја собираат силата, ќе набљудуваат дали некој ги забележал. Доколку и понатаму не реагирате, може да продолжат со нивната „песна“.
`Ржењето служи за застрашување на противникот и покажување спремност за борба. Важно е кучињата да не се одучуваат од `ржење, затоа што резултат на тоа би можел да биде напад без претходно предупредување.