Никако немојте:
-Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот.
-Никако не се позајмуваат пари на 31ви декември ни 1ви јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми.
-Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1ви јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре.
–Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа.
-Работа не се склопува на 1ви јануари – тоа значи нема да е успешна.
-Не треба да се пере долна облека или чинии на 1ви јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.
-Кршење, плачење и дивеење – ништо од ова не смеете да правите зошто било лош знак за годината што следи.