Мажите постојано се трудат да дојдат до одговорот што сакаат жените и што тие бараат од еден маж. Затоа, тие се трудат често да ги менуваат своите фризури, да го освежуваат својот стил на облекување и да ги менуваат парфемите кои ги носат со цел да го привлечат вниманието на припадничките на понежниот пол.
Но, факт е дека тоа не се главните работи кои влијаат врз привлечноста – бројни анкети и студии кои се бавеле со оваа тема докажуваат кои се главните машки карактеристики кои ги привлекуваат жените.
Брада
Многумина мислат дека жените сакаат мажи со мазно лице, но анкетите покажуваат дека мажите со пуштена брада од една недела се сметаат за најатрактивни.
Дебели веѓи и четвртаста вилица
Жените сакаат мажи со дебели веѓи и четвртаста брада бидејќи според нив, мажите кои ги поседуваат овие карактеристики изгледаат посилно и помажествено.
Години
Анкетите покажуваат дека голем број од жените сакаат да бидат во врска со постари мажи, бидејќи тие делуваат позрело и посигурно.
Доколку имате лузни од кои се срамите, ова ќе ве натера да го промените вашето мислење – голем дел од жените изјавиле дека мажите со лузни изгледаат многу секси.
Црвена облека
Истражувањата покажуваат дека мажите се најпривлечни кога носат црвена облека, а жените тоа и го потврдуваат. Затоа секогаш имајте црвена кошула, маица или вратоврска во оваа боја во вашиот гардеробер.
Доколку сте музикални, доколку знаете да пеете и да свирите некој инструмент, тогаш сте на чекор да станете новиот Казанова, бидејќи девојките изјавиле дека “паѓаат” на мажи кои го имаат овој талент.
Смисла за хумор
Сите жени сакаат да се смеат и обожуваат мажи кои имаат смисла за хумор. Доколку сте некој кој има комична душа и кој постојано сака да се шегува, вие имате одлични поени кај понежниот пол.