Лудата приказна која доаѓа од Шпанија е вистински хит, откако Амат кој е роден во населбата Канет де Мар на периферијата од Барселона дознал дека негобата баба е по потекло од Индонезија. Родителите му се Каталонци, но баба му е од островот Сиау, со големина од 160 квадратни колометри.
На тој остров живеат 45.000 жители, но откако Амат се преселил во индонезискиот шампионат и станал репрезентативец на оваа земја дознал дека баба му била принцеза на островот, далечна роднина на кралот на Индонезија, ама најважното е дека нејзиното семејство е сопственик на островот.
Неговиот прадедо бил владетел на островот, па по наследство сега тој остров му припаѓа нему и сето семејно богатство. Така тој сега е принц на Сиау, а откако го добил индонезиското државјанство тргнати се сите пречки за официјално да биде именуван за принц.
Минатиот ноември, Амат, кој моментално игра за малезискиот клуб Јохор Дарул Тазим, конечно стана индонезиски државјанин.
– Многу ми олесна и бев пресреќен. Знаев дека за некои мои колеги процесот траеше седум години – рече тој.