Шпанските медиуми се распишаа за една тинејџерска љубов. Постарата ќерка на шпанската кралица и кралот, Леонор, наводно е вљубена во фудбалерот на Барселона Гави.
Пабло Мартин Паес Гавира попознат како Гави (18) играше за шпанската репрезентација на Светското првенство во Катар оваа година, а кралот Фелипе Шести во живо ја бодреше репрезентацијата на својата земја (Мароко ја елиминираше Шпанија од Светското првенство).
Кралот во соблекувалната се сретнал со репрезентативците, како и со Гави, кој му подарил дрес, најверојатно за принцезата Леонор, пишува „football-espana.com“.
Наводно, Гави знае дека принцезата е негова обожавателка, па сакал да се реваншира со овој гест. За тоа пишува и „Диарио АС“, а „Трибуна“ наведува дека Леонор има цела колекција фотографии од младиот спортист. Така е и со тинејџерската вљубеност.
Инаку, Леонор (17) учи во училиште во Гламорган, Велс, чии ученици биле членови на шпанското кралско семејство. Таа е прва во линијата за наследување на круната.
Како што обично се случува со јавна личност со нејзино влијание и позиција, приказната отиде и малку предалеку, па се истакнува дека, доколку за неколку години Гави, кој веќе го нарекуваат принц, стане член на шпанскиот двор, може да дојде до големи промени во неговата кариера. Според правилата и обичаите на кралското семејство, тој би морал да се повлече од спортот.
Кралицата Летиција и Фелипе Шести, кои се во брак од 2004 година, ја имаат и ќерката Инфанта Софија (15).