Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос, гостуваше во едно отворено студио пред тениски натпревар, каде извади некои свои лични забелешки.
Меѓу останатото, тој истакна дека Новак Ѓоковиќ е крајно и болно опседнат со желба дека мора сите да го сакаат кои гледаат тенис. Тој рече и дека ќе го провоцира кај ќе го види.
„Ми се чини дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е болно опседнат со желбата дека треба сите да го сакаат, јас тоа неможам да го поднесам. Ќе го провоцирам кај ќе го видам. Следниот пат кога ќе играме, доколку го победам, ќе ја славам таа победа на негов начин и тоа пред неговите очи“, изјави Кирјос.
Инаку, Австралиецот денеска на турнирот во Рим воопшто не го доврши својот меч со Норвежанецот Каспер Руд. При резултат 1-1 во сетови Кирјос го загуби сопствениот сервис, по што почна да се жали за гледачите кои се движеле додека тој сервирал. Тој ги загуби нервите, беше казнет од судијата, по што дополнително полуде, најпрвин го фрли рекетот, па и стол на теренот, за на крајот да се повлече.
https://twitter.com/doublefault28/status/1129014721754161152