Три голи Украинки се ладеа со црево на противпожарната служба на патот кај Котор, на јадранската магистрала во Црна Гора. Возачите беа збунети од глетката на голите дами, заради кои имало и прекин во сообраќајот среде горештините.
Како што пишуваат црногорските медиуми, Украинките добиле казна во износ од 450 евра поради тоа што се „соблекле голи и позирале на асфалтниот пат, правејќи снимки и фотографии во траење од 10 минути“.
„Тие се должни да ги платат парите непосредно пред одлуката на Буџетот на Црна Гора да стане конечна. Обвинетите можат да платат две третини од изречената парична казна и тоа доколку тие и полициската управа се одречат од правото на жалба и во тој случај ќе се смета дека казната е платена во целост“, стои во пресудата.
— Pluton (@Pluton45873221) July 8, 2021
— Pluton (@Pluton45873221) July 8, 2021
Comments are closed.