Министерот за здравство Венко Филипче во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека веднаш после завршувањето на пандемијата, ќе пие кафе со познатата Лиде Лиде, која јавноста ја запозна преку коментарите на прес-конференциите на министерот во кои постојано го поканува на кафе и разговор. Нејзините коментари често стануваа вирални, па дел од корисниците на социјалните мрежи бараа од Филипче да го прифати нејзиното барање.
-Ваша гледачка на прес-конференциите под името Лиде Лиде постојано ве кани на кафе, дали ќе пиете кафе со неа?
„Еве веднаш штом ќе помине оваа криза ДА, ќе пијам“, одговори Филипче со насмевка, а потоа уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за одржување на растојание и носење на маска.